Меси: Свесен сум дека ми се ближи крајот

Лионел Меси, фудбалерот на ПСЖ и на аргентинската репрезентација, е свесен дека се наоѓа пред крајот на неверојатната кариера.

Меси со репрезентатицијата на Аргентина ќе се обиде да дојде до единствената титула што му недостасува во кариерата, да стане светски шампион.

„Уживам во преубавиот град Париз, но не беше лесно да се прилагодам. Сè се случи одеднаш и не можев со семејството да уживам. Го обожувам фудбалот и сакам да игра, тоа го правам целиот живот. Сигурен сум дека по завршувањето на кариерата ќе останам во фудбалот, но на некоја друга позиција. Свесен сум дека нема да можам уште долго да играм“, вели 35-годишниот Меси.

Аргентинецот минатото лето по 20 години, мораше да си замине од Барселона, која имаше финансиски проблеми и не можеше да потпише нов договот, па Меси се пресели во ПСЖ и најверојатно по завршувањето на Светското првенство, ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. ПСЖ веќе му понуди нов договор, Барселона сака да го врати на „Камп ноу“, а во игра е и преселба во САД во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

„Не знам што ќе се случува. Како дете сонував да играм во аргентинската лига, но денеска тоа зависи од многу работи. Имам семејство, три деца и неодамна направив голема промена во животот. Тоа беше тежок избор за мене и за семејството“, додава Меси.

- Оглас -

Најнови вести