Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, за првпат откако е дел од репрезентацијата на Аргентина нема да има цимер на големо натпреварување.
На социјалните мрежи се појави фотографија од хотелот во кој е сместена репрезентацијата на Аргентина и на вратата од собата во која е сместен Меси стои само неговото име, додека први соседи му се Родриго де Паул и Николас Отаменди.
Меси повеќе од 10 години беше цимер со Серхио Агуеро, кој поради проблеми со срцето, минатата година мораше предвреме да ја прекине кариерата, а најголемата ѕвезда на Гаучосите очигледно е дека не сака нов цимер.
Аргентина на СП во Катар е дел од групата Ц заедно со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.