Славниот оксфордфски универзитет разработи еден математички модел за Светското првенство во фудбал и според овој модел, најголеми шанси за титула во Катар има репрезентацијата на Бразил.
Според прогнозата, Бразил во финалето ќе ја победи Белгија. Моделот покажува дека Кариоките имаат 61,3 отсто шанси за победа во евентуално финале со Белгија.
Пред тоа, тимот на селекторот Тите ќе има многу тежок пат до финалето, бидејќи ќе треба да ги совлада Уругвај во осминафиналето, па Шпанија во четвртфиналето и Аргентина во полуфинале.
Белгија ќе ги победи Германија, Португалија и Франција.