Азербејџан направи комплетен пресврѕ во Скопје и по нешто повеќе од еден час игра воси со 2:1 против Македонија, а ни се подготвува нов неуспех, особено ако се знаe дека играме со фудбалер помалку.
Дека нема да биде лесно наговести црвениот картон за Бобан Николов во 52. минута, а само 13 минути подоцна не казни Курбанли со гол за пресврт.
Македонија водеше со 1:0 со голот на Енис Барди од пенал во 25. минута, а израмнија гостите со голот на Чафаргулиев во 38. минута.
Македонија нема победа на четири меча, а според резултатот и ситуацијата на теренот нема да се радува на триумф и на петтиот меч по ред.