Бразилците полни со оптимизам: Ќе ја освоиме шестата ѕвезда

Селекцијата на Бразил, која за најголем дел од експертите е главен фаворит за титулата, настапите на СП во Катар ќе ги започне в четврток, против Србија, а дел од медиумите ја обвинија најголемата ѕвезда на Кариоките, Нејмар, дека е арогантен.

Нејмар на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографија од авионот на пат кон Катар и на себе носеше шорц со грбот на Бразил на кој има пет ѕвездички, a  фудбалерот на ПСЖ додаде шеста.

Ѕвездичките го означуваат бројот на титули на Светските првенства, а потегот на Нејмар го осуди германскиот магазин „Билд“. Германскиот магазин смета дека тоа е наплив на ароганција од бразилските фудбалери кои воопшто не ги почитуваат противниците.

Одговорот дојде од напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон, кој застана во одбрана на најголемата ѕвезда на Кариоките.

„Ние сме само сонувачи, а тие се арогантни. Долго време ја сонуваме шестата ѕвездичка и ќе ја освоиме, без разлика дали го сакаат тоа или не. Ќе ја освоиме шестата ѕвезда бидејќи тоа е наш сон. Нејмар ја објави таа фотографија бидејќи тоа е и негов сон. Сакаме да ја освоиме титулата и исто така знаеме колку тој сака да ја освои”, изјави Ришарлисон.

- Оглас -

Најнови вести