Велеа дека сум луд кога реков дека Саудиска Арабија ќе биде изненадување на СП, а сега ми се јавуваат за совети за обложување

Селекцијата на Саудиска Арабија го направи најголемото изненадување на Мундијалот во Катар откако денеска со 2:1 ја совлада Аргентина.

Речиси сите фудбалски фанови беа убедени дека Лионел Меси и соиграчите без никакви проблеми ќе ја совладаат Саудиска Арабија и со победа ќе ги започнат настапите на Мундијалот, но еден од малкутемина кои веруваа во чудото беше поранешниот репрезентативец на СФРЈ и ексиграч на Хајдук, Златко Вујовиќ.

„Како знаев дека Саудијците ќе бидат изненадување? Искрено, многу добро го познавам нивниот тренер Ерв Ренар, игравме заедно во Кан. Неодамна го видов во Париз, ми кажа дека има интересен тим, а добро знам дека е одличен тренер. Затоа се одлучив за Саудијците“, изјави Вујовиќ за хрватскиот „Индекс“ откривајќи дека сега сите го бараат за обложување.

„Сега сите ми се јавуваат да им дадам совет како да се обложуваат, иако кога го прочитаа што го велев пред мечот, сигурно мислеа дека сум луд. Па и јас така мислев.

Поранешниот фудбалер на Хајдук сепак призна дека победата на Саудијците го шокирала и него.

„Реално, мислев дека ќе биде 3:0 или 4:0 за Аргентина и дека Саудијците пласманот во нокаут-фазата ќе го бараат против другите ривали во групата. Не верувам дека по ова Аргентина ќе си дозволи сличен кикс, но со овој пораз си ги закомплицира работите и сега ќе биде тешко да се дојде до првото место во групата. Саудијците имаа голема среќа, постигнаа два гола од два шута. Неверојатно среќен беше првиот гол, од таква позиција единствен начин топката да влезе во мрежата е доколку помине меѓу нозете на дефанзивецот и токму тоа се случи. Но, кога летате на теренот, кога се трудите и давате сè од себе, тогаш ќе бидете наградени“, вели Вујовиќ.

- Оглас -

Најнови вести