Полска успеа да ги одбие нападите на Мексиканците во првото полувреме

Селекциите на Мексико и на Полска играат без голови по првите 45 минути во својот дебитантски меч на Мундијалот во Катар.

Мексиканците беа подобар тим во првиот дел, имаа повеќе шанси, но не успеаја да го совладаат Војќех Шченсни, а интересно е што ниту еден шут не заврши во рамките на двата гола.

Првата изгледна шанса за гол, Мексиканците ја имаа во 13-тата минута, кога Ектор Морено скокна највиското во противничкиот шеснаесетник, но топката заврши над голот.

Во 26-тата минута Ектор Ерера одлучно го проигра Алексис Вега во шеснаесетникот, но неговиот шут заврши покрај десната статива.

Полјаците во првиот дел не успеаја да направат ниту една шанса и најголем дел од времето беа притиснати во сопствената половина и да се бранат од нападите на Мексикаците.

- Оглас -

Најнови вести