Стигна заштита за Левандовски: И Платини и Марадона промашувале пенали

Полска има за што да жали на почетокот на Светското првенство, откако одигра само 0:0 против Мексико. Полска имаше голема шанса за погодок откако беше досуден пенал во нивна корист, но првата ѕвезда во тимот, Роберт Левандовски, не успеа да погоди, односно голманот на Мексико, Галјардо Очоа, го одбрани неговиот удар.

По мечот, селекторот на Полска, Чеслав Михњевич, застана во одбрана на својот играч.

„Кога ќе се промаши пенал како што тоа беше случај со Левандовски, секогаш се прашуваме зошто, но само тој го знае одговорот. Во понеделникот вежбавме пенали и Роберт не промаши ниту еднаш. Едноставно и такви работи се случуваат. Големи играчи како Зико, Платини, Марадона, промашувале пенали, тоа е дел од играта. Штета за Роберт затоа што знам каква желба имаше да даде гол“, вели селекторот Михњевич.

- Оглас -

Најнови вести