Шпанија ја забележа највисоката победа во својата мундијалска историја вечерва против Костарика со 7:0, а тоа го стори со неверојатна ефективност на теренот во Доха.
Репрезентативците на Црвената фурија шутнаа осум пати директно кон голот на Костарика и Кејлор Навас и постигнаа 7 гола.
Со триумфот од 7:0 си го урнаа рекордот од 1998, кога Бугарија настрада со пораз од Шпанија со 6:1.
https://twitter.com/OptaJose/status/1595480129676910595?s=20&t=MGBUjJ8jXOo2SlYhU6t1Vg
Во следното коло Шпанија ќе го игра дербито во Е групата против Германија, а тој меч ќе се игра на 27 ноември.
Денеска Германците беа шокирани од Јапонија и поразени со 1:2, и тоа со пресврт.