Бразил и Србија ќе играат за гол повеќе, африкански предизвик за Роналдо

670913 Уругвај – Јужна Кореја (14.00 часот)

Денеска завршуваат натпреварите во првото коло на Светското првенство во Катар, а еден од четирите меча е тој меѓу Уругвај и Јужна Кореја. Уругвајците, кои се една од најискусните репрезентациина Мундијалот, ја имаат фаворитската улога против Јужна Кореја, иако двајца клучни играчи најверојатно нема да настапат.

Роналд Араухо и Единсон Кавани се повредени, но Уругвајците имаат доволно квалитетни играчи за да ги заменат. Поголеми проблеми имаат Јужнокорејците кои до последен момент нема да знаат дали ќе може да сметаат на услугите на најдобриот играч, Хеунг-мин Сон.

Иако Јужна Кореја победи на последниот меѓусебен меч, кој беше пријателски, Уругвај славел на двете досегашни средби на Светските првенства. Во 2010 година во Јужна Африка, Уругвај победи со 2:1, додека во далечната 1990 година резултатот беше 1:0.

Предлог тип: 1 & 0-4 (1.90)

 

6714 Португалија – Гана (17.00 часот)

Португалија не е во првиот ред на фаворити за триумф, но сигурно е една од репрезентациите за која сите веруваат дека може да оди до самиот крај. Мундијалот во Катар ќе биде последен настап на едно СП за Кристијано Роналдо и за очекување е да направи сè за да дојде до финалето.

Португалците во единствената проверка пред настапот во Катар ја декласираа Нигерија со 4:0. Гана е една од најдобрите африкански репрезентации, минатата недела ја победи Швајцарија со 2:0 и најави дека ќе се бори за првите две места во групата Х.

На Светските првенства овие две репрезентации досега одиграле само еден натпревар, пред осум години во Бразил и тогаш славеше Португалија со 2:1.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.79)

 

6715 Бразил – Србија (20.00 часот)

Бразил е главен фаворит за триумф на СП во Катар и судбината сакаше Кариоките во Катар да играат против репрезентација со која играа во иста група и пред четири години во Русија, тоа е Србија.

Нејмар и сонародниците играат одлично, во последните 14 меча имаат 12 победи и само две ремија. Последниот пораз го доживеаја од Аргентина во финалето на Копа Америка 2021 година. Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, го врати тимскиот дух и доброто расположение во репрезентацијата која игра одлично под негово водство.

Србите пласманот на Мундијалот го обезбедија со победата над Португалија на гости, и најавуваат дека се подготвени за изненадување во Катар.
Пред четири години на СП во Русија, Бразил славеше со 2:0, а одличната форма на Нејмар, Ришарлисон, Влаховиќ и останатите е гаранција за голови на вечерашниот дуел.

Предлог тип: 1-3 & 1-3 (1.91)

 

3501 Дунајска стреда – Ружомберок (18.30 часот)

Словачкиот шампионат е еден од ретките кој ќе се игра редовно додека во Катар се одржува Мундијалот. Дунајска стреда е тимот кој се наоѓа во најдобра форма во словачкиот шампионат и има четири победи по ред со импресивна гол-разлика 10:2.

Ружомберок пак се наоѓа во серија од четири меча без победа, а во последното коло што се играше пред десетина дена загуби од лидерот на табелата, Слован, со 2:0.

Предлог тип: 1 & 0-4 (1.97)

 

6921 Барселона (Ж) – Баерн Минхен (Ж) (18.45 часот)

Фудбалерките на Барселона на импресивен начин ја започнаа одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Барселона во првите две кола од групната фаза има две победи и неверојатна гол-разлика од 13:1.

Бенфика беше совладана со неверојатни 9:0, а Розенгард со 4:1. И фудбалерките на Баерн Минхен имаат две победи во првите две кола, но квалитетот е на страната на Барселона и се очекува нова победа на европскиот шампион.

Предлог тип: 1 & 2+ второ (1.96)

 

- Оглас -

Најнови вести