Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, има поддршка од целото свое семејство на трибините на „Лусаил“ во Доха за време на дуелот со Бразил.
Сопругата Снежана со децата Андреа, Ања и Марко, како и зетот Уго Валиенте, седат на трибините и навиваат за српскиот национален тим.
Интересно е дека ќерките и синот носат дресови со бројот 10 на кои пишува Стојковиќ на грбот, а зетот носи дрес на Душан Влаховиќ.