По пет изминати мирни дена во Катар, синоќа се случи првиот навивачи инцидент, а „актери“ беа фановите на Аргентина и на Мексико. Инцидентот се случил во фан-зоната во „Ал Бил“ паркот во Доха.
Навивачите на Мексико први започнале да провоцираат со тоа што почнале да го пцујат најдобриот фудбалер на Аргентина, Лионел Меси. Аргентинските фанови веднаш возвратиле со физичка пресметка во која беа користени боксови и клоци, но, за среќа, немаше ниту ладно оружје, ниту некои други „помагала“ кои се користат најчесто во навивачки тепачки.
💥SE ARMA LA BATALLA CAMPAL 🥊MEXICANOS🇲🇽 CONTRA ARGENTINOS🇦🇷
A unos cuantos días del partido de México 🇲🇽 vs Argentina 🇦🇷 los ánimos ya se comienzan a calentar…🔥 pic.twitter.com/bI8hwOPH6B— Omar Niño Noticias (@OmarNNoticias) November 23, 2022
По тепачката, неколку навивачи се пожалиле на повреди и побарале лекарска помош, но, за среќа, целиот инцидент брзо заврши. Интересно е дека оваа тепачка доаѓа непосредно пред меѓусебниот дуел на Мексико и Аргентина, во второто коло од групната фаза. Мексико има еден бод, а Гаучосите се без бодови по првото коло.