Бизарна е причина поради која може да се одложи финалето во Копа Либертадорес

Чиле оваа година треба да биде домаќин на финалето во Копа Либертадорес, но на крајот може да се случи да му биде одземено правото на домаќинство. Причина за такво нешто е концертот кој треба да го оддржи најславниот хеви метал-бенд во светот, „Iron Maiden“. Како може еден музички концерт да одложи финале во најсилното клупско натпреварување во Јужна Америка?

Финалето во Копа Либертадорес, кое е натпреварување на нивото на Лигата на шампионите во Европа, е закажано за 23-ти ноември 2019 година на „Естадо Национале“ во Чиле. Сепак, неочекувано се појави проблем. Челниците на КОНМЕБОЛ побараа на стадионот „Естадо Национале“ да не се оддржуваат големи концерти, и тоа барем 60 дена пред да се игра финалето. Тоа е и проблемот.

Најславиот хеви мета-бенд во светот „Iron Maiden“ веќе има закажано концерт на овој стадион, и тоа на само 39 денови пред да се игра финалето. Концертот е распродаден и сигурно оваа турнеја на музичката група нема да претрпи промени. Поради тоа, сега се размислува или финалето да биде префрлено на некој друг стадион или да се помести датумот за мечот на којшто треба да биде познат новиот јужноамерикански клупски владетел.

Интересно е тоа што во 2018 година, финалето на Копа Либертадорес беше историски долго. Играа аргентинските гиганти Бока јуниорс и Ривер плеј. Откако се одигра првиот меч на „Ла Бомбонера“, реваншот на стадионот на Ривер никогаш не се одигра, и тоа поради дивеење на навивачите. На крајот, тој меч по кој Ривер стана првак на Јужна Америка, се одигра во Мадрид, на „Сантијаго Бернабеу“.

 

- Оглас -

Најнови вести