Тешката повреда на Лукас Ернандес, ја остави француската репрезентација со само еден лев бек на Светското првенство во Катар, тоа е братот на Лукас, Тео Ернандес.
Селекторот Дидие Дешамп се најде во непријатна ситуација, а бидејќи веќе нема право да повикува нови играчи, мора да се снаоѓа со тоа што го има во Катар и да „измисли“ нов лев бек.
Изборот падна на Едуардо Камавинга. Фудбалерот за врска е левучар, на еден контролен меч одиграл како лев бек и тоа доста добро си ја завршил работата, па тој е резервна варијанта ако Тео треба да добие одмор на некој меч.