Холандија после само 5 минути и 8 секунди игра постигна гол за водство од 1-0 против Еквадор во дербито на групата А на СП во Катар. Стрелец беше Коди Гакпо, кој е првиот фудбалер што дава гол на два различни меча на ова СП.
Еквадор немаше примено гол уште од март, цели 11 часа и 42 минути игра не беше совладан нивниот голман, но Холандија брзо го најде патот до мрежата на Еквадорците.