Принцот на Саудиска Арабија чести за победата над Аргентина: за сите играчи по еден најнов „Ролс Ројс“!

Триумфот над Аргентина од 2-1 во првото коло на СП во Катар, донесе огромна радост и задоволство кај сите во Саудиска Арабија, а во еуфорија е и принцот на таа земја, кој на репрезентативците што ја остварија историската победа, ќе им даде вредни подароци.

Принцот ветил дека секој играч ќе добие по еден најнов модел од луксузните автомобили „Ролс Ројс Фантом“.

Нема штедење, ќе има и богати парични награди за сите 26-мина во составот, а колкави ќе бидат бонусите, ќе зависи од тоа колку далеку ќе дотуркаат на СП.

- Оглас -

Најнови вести