Како изгледа 10-годишниот предизвик меѓу Меси и Роналдо (Фото)

Во изминативе неколку денови светски популарни станаа споредбите на тоа како изгледал некој човек пред 10 години, а како изгледа сега. Кога се работи за светскиот фудбал, во изминатава декада речиси ништо не се промени. Лионел Меси и Кристијано Роналдо доминираат со своите игри, потези, асистенции и голови.

Овојпат е направена споредба не само за тоа како изгледале двајцата најдобри фудбалери во светот, туку за тоа какви се нивните постигнувања, односно колку мечеви имаат одиграно, колку погодоци постигнале, колку пати асистирале и по колку пати ја освоиле „Златната топка“, но и Лигата на шампиони.

Бројките кои ги имаат Меси и Роналдо се „научна фантастика“ за речиси сите останати фудбалери во светот.

 

- Оглас -

Најнови вести