Црвените ѓаволи се скараа – Го нема Лукаку, има проблеми со кавга на двете белгиски икони

Роберто Мартинес има многу маки пред дуелот со Мароко во второто коло, а во таборот на Белгија има кавга, што селекторот на Црвените ѓаволи ја демантираа.

За време на првуиот меч на Белгијците против Канада видлива беше нервозата меѓу  Кевин Де Бројне и Тоби Алдервирелд, а дел од медиумите објавија дека ситуацијата не била розова ниту на тренинг меѓу двајцата значајни играчи од првиот состав.

„Не барајте проблеми каде што ги нема. Не се случило такво нешто на тренинг. Реален проблем е неиграњето на Ромелу Лукако, но и тоа го знаевме пред стартот на Мундијалот. Тој нема да игра уште против Мароко, а го очекуваме во составот за последниот дуел во фазата по групи против Хрватска“, рече Мартинес.

Белгија ја победи Канада со 1:0 во премиерниот меч во Катар, но не блескаше. Напротив Канаѓаните беа дури и подобри и беа оштетени за два пенали, а едниот што им беше досуден при резултат 0:0 го промаши Алфонсо Дејвис.

 

- Оглас -

Најнови вести