Аргентина и Мексико одиграа без голови во првите 45 минути од дербито на денот на Светското првенство.
Аргентинците во дуелот со Мексико влегоа со императив да победат, откако во првото коло беа шокирани од Саудиска Арабија (1:2), но ниту вечерва не играат според очекувањата на нивните навивачи.
Во првиот дел, видливи беа проблемите во играта, немаше креација, а Меси беше буквално отсечен од играта и случувањата на теренот.
Во воведните минути од натпреварот, Аргентинците не можеа да направат неколку додавања во серија, а првата ѕвезда, Лионел Меси, речиси и да беше неприметен во тие моменти. Тој дури мораше да се врати во својата половина за да учествува во акција бидејќи соиграчите никако не можеа да вклучат во игра.
Првиот обид Аргентиците го имаа во 33-та минута кога Меси од дваесетина метри, од слободен удар шутираше директно во голманот на Мексико, Очоа. Потоа и Лаутаро Мартинез се закани, но не успеа да го совлада Очоа.
Во последните моменти од првиот дел, се заканија и Мексиканците, но голманот Мартинез со одлична одбрана спречи нов шок за Гаучосите.