Скопје и Академците на Пандев редовно играат ефикасни мечеви, квотата за 3+ е најголема од сите четири меча во ПМФЛ

Скопје ќе се обиде да ја сопре црната серија од 8 меча без победа во сите натпреварувања, денеска на домашен терен против Академија Пандев, а традицијата вели дека двете екипи играат ефикасни меѓусебни дуели.

За 3+ квотата во Sport LIfe за овој меч е 2.40, најголема од сите четири денешни прволигашки дуели од 16. коло.

Последните три натпревари меѓу Скопје и Академија Пандев, без разлика дали се играле на Автокоманда, или во Струмица завршувале со победи на Академците од 3:0 и 5:0 и со еден триумф на тимот од главниот град со 2:1.

Победа му е домаќин на шампионот Шкупи во истиот термин од 13 часот, а прилепачни се подготвуваат за подвиг и прва победа против чаирчани од 2018 година, иако според коефициентите се аутсајдери.

Шкендија е голем фаворит против Тиквеш, а дербито ќе се игра во Скопје меѓу Работнички и Македонија Ѓорче Петров.

Вчера лидерот Струга го победи Силекс во Кратово со 2:1.

Двојки, 16. коло, 13 часот:

Скопје – Академија Пандев, Победа – Шкупи, Шкендија – Тиквеш и Работнички – Македонија Ѓ.П. Слободна е Брегалница.

Табела:

Струга 33, Шкупи 25, Шкендија 24, Силекс 23, Тиквеш 22, Брегалница 20, Македонија Ѓ.П. 17, Работнички 15, Академија Пандев 12, Победа 11, Скопје 6.

 

- Оглас -

Најнови вести