Нов меч без голови во првото полувреме на Мундијалот во Катар одиграа Јапонија и Костарика во меч од второто коло што почна во 11 часот.
Резултатот 0:0 на полувреме е најчестиот на ова првенство во Катар, а Јапонците и Костариканците продлжија во тој мод и во досадно прво полувреме беа далеку од гол.
Статистички репрезентативците на Костарика имаа голема предност во поседот на топката со однос 58:42, но привидната иницијатива беше јалова.
Јапонците се обидуваа на контри, но и тие не беа конкретни, па за 45 минути игра и плус судиско продолжение немаше ниту една чиста шанса за гол.