Германците жестоко го бојкотираат Мундијалот во Катар, масовно одат на женски фудбал (Видео)

Германските љубители на фудбалот најавија бојкот на Мундијалот во Катар, најмногу поради кршење на човековите права во земјата домаќин на шампионатот и тоа го прават жестоко, а ќар имаат дамите.

Во Германија слабо се гледа Светското првенство и има очигледен бојкот, а како замена на фудбалските симпатизери им служи посетата на стадионите каде играат женските тимови.

Мечот меѓу Вердер Бремен и Фрајбург го гледаа 20 илјади гледачи и направија спектакуларна атмосфера, а објавено е дека има пораст на посетата на речиси сите стадиони во женскиот фудбал.

Дуелот меѓу Нирнберг и Волсфбург го следеа 17.000 гледачи од трибините, а Келн се пофали со продажба на целиот капацитет од 5.500 билети.

Германската машка фудбалска репрезентација вечерва од 20 часот го игра клучниот меч на Мундијалот и не смее да загуби од Шпанија, па дури и реми не им одговара премногу, ако не сакаат да испаднат по само две кола во фазата по групи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести