Магдевски експресно си најде нов тим, кариерата ја продолжува во Холандија

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски, експресно си најде нов клуб, откако пред неколку дена спогодбено го раскина договорот во МЗТ Скопје Аеродром. Следен клуб во кариерата на Магдевски ќе биде холандскиот тим Донар од Гронинген. Тој потпиша договор со холандскиот тим до крајот на сезоната.

„Го избрав Донар бидејќи станува збор за голем клуб со одлична организација. Исто така, сакам да играм за екипа со највисоки амбиции, сакам да му помогнам на тимот да победи на што повеќе натпревари, да освои што повеќе трофеи и навивачите да бидат среќни“, изјави Магдевски за официјалната интернет страница на холандскиот тим.

Бидејќи не доаѓа од земја од Европската Унија, Магдевски ќе мора да добие работна дозвола за да може да настапува за новиот тим, а дебито во дресот на Донар се очекува да го има веќе в среда на дуелот против Будивелник во рамки на Купот на Европа на ФИБА.

„Баравме разигрувач наместо чист стрелец. Денеска е многу потешко да се најде плејмејкер кој ќе игра за екипата и затоа изборот падна на Магдевски. Сметаме дека добро се вклопува во нашата конценпција на игра“, рече спортскиот директор на Донар, Драго Пашалиќ.

- Оглас -

Најнови вести