Квоти за светски првак: Бразил се одвојува, го следат Франција, Шпанија, Аргентина…

Квотите кои ги нуди Sport Life за светски шампион во фудбал се „измешаа“ од стартот на Мундијалот досега. Се одиграа две кола од групната фаза, а Бразилците се издвојуваат како тим кој е главен фаворит за освојување на титулата.

Најголема закана по Бразилците е Франција, а тука некаде се и Шпанија и Аргентина. За Англија, квотата сега е 10, а по двете победи и обезбедено осминафинале, напредува Португалија, па квотата за нивна титула падна на 11.

Германија допрва треба да обезбеди место во осминафиналето, а квотата за нивна титула е 12, додека најголемо разочарување е Белгија, која ќе има проблем да се најде во осминафинале и затоа квотата дека таа ќе биде светски првак сега е дури 50

- Оглас -

Најнови вести