Виетнам ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во пријателски меч, а во финишот имаше необична ситуација при пеналот за домаќините.
Виетнамците добија пенал во 85-тата минута, но беше изведен пет минути подоцна, откако голманот на Борусија Дортмунд, Марсел Лотка, загревајќи се за пеналот, ја измести конструкцијата на голот.
Таа излезе од лежиштето на десниот агол од голот на Борусија, а целата ситуација можете да ја погледнете ОВДЕ.
Лотка по пауза од пет минути, успеа со помош на играчите да ја намести конструкцијата на голот, но не успеа да го одбрани пеналот и Милионерите загубија со 2:1.