Ајнтрахт ќе продолжи ефикасно и победнички

Бундеслигата продолжува со вториот дел од сезоната, а Спорт Манија ја продолжува соработката со тренерот на Вардар, Александар Васоски. Одлично ја познава Бундеслигата и како поранешен член на Ајнтрахт Франкфурт очекува „орлите“ да продолжат со добрите игри и резултати од есенскиот дел.

Еве ги петте предлози на Васоски за 18. коло во Бундеслигата:

 

Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)

Ајнтрахт е одличен домаќин и грото од натпревари ги игра со 3, или повеќе голови. Фрајбург според мене не може да му парира на мојот поранешен тим и очекувам нов успех на Ајнтрахт, во ефикасен меч.

Предлог тип: 1&3+ (2.50)

 

Хановер – Вердер (Сабота, 15.30 часот)

Двете екипи играат офанзивно, ефикасно и најдобро според мене би било да се одигра 3+. Вердер има мала предност, а игра сосема солидно на гостински терен.

Хановер е најлош домаќин сезонава во Бундеслигата заедно со Аугсбург, освои само 7 бода, но ако сака да побегне од опасната зона и да се избори за опстанок ќе мора да напаѓа и да победува.

Предлог тип: 3+ (1.65)

 

Баер Леверкузен – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 15.30 часот)

Борусија го одигра одлично првиот дел од сезоната, но играше многу подобро на домашен терен. Баер Леверкузен не и „лежи“ на Борусија. Тоа го покажа и со победата од 5:0 на гости во меч од купот на Германија и тоа на терен каде ниту еден тим не освои бод во меч од Бундеслигата сезонава.

Очекувам да има доста голови и да победи Баер.

Предлог тип: 1&3+ (2.70)

 

Штутгарт – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Штутгарт нема избор и ако сака да ги продолжи надежите за опстанок во Бундеслигата мора да го добие мечот со Мајнц.

Гостите во последно време имаат повеќе успеси во меѓусебните дуели, но ова ќе биде поинаков меч и победата е императив за домашниот тим.

Очекувам Штутгарт да победи, но пореална варијанта е да постигна најмалку два гола.

Предлог тип: Т1 2+ (2.28)

 

Лајпциг – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30)

Ќе биде доста интересен меч. Лајпциг игра одлично сезонава, бие битка за место што води во Лигата на шампионите, а Борусија игра уште подобро сезонава и заслужено е лидер на табелата.

Веројатно ќе биде ефикасен меч, се очекува да има доста голови, но јас ќе одиграм гостинот да не загуби.

Предлог тип: Х2 (1.50)

 

- Оглас -

Најнови вести