Голема е мундијалската тага – Мексиканец плачеше, му викна со боксови на телевизорот, па го сечеше со нож (Видео)

Навивачите тешко ги поднесуваат мундијалските порази и особено неуспесите што значат елиминација, а тажно изгледа реакцијата на еден Мексиканец откако неговата омилена репрезентација вчера испадна во Катар.

Мексико забележа Пирова победа од 2:1 против Саудиска Арабија и испадна поради полоша гол-разлика од Полска, и тоа за еден погодок.

Тоа не му легна добро на Мексиканецот, кој плачеше, па удри со боксови на телевизорот и на крајот зеде и да сече со нож.

Во осминафиналето од Ц групата се пласираа Аргентина и Полска, а испаднаа Мексико и Саудиска Арабија.

Аргентина ќе игра против Австралија во првиот ден од нокаут-фазата, во сабота од 20 часот, а Полјлаците следниот ден ќе им излезат на мегдан на актуелните светски прваци од Франција од 16 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести