Новата трибина на стадионот во Битола го мина техничкиот прием, в сабота ќе ја „сефтосаат“ и Комитите!

Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола конечно е во ново руво, има нова трибина која беше градена долго време, а трибината го мина техничкиот прием и прв меч на кој ќе има публика на неа ќе биде дербито со Вардар в сабота.

„ФК Пелистер ги известува своите симпатизери, навивачи, љубители на фудбалот и граѓани на Битола дека новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ го помина техничкиот прием и целосно е безбедна и функционална.

Во сабота од 13 часот на натпреварот Пелистер – Вардар за првпат ќе се продаваат билети за новата трибина, чиј капацитет е 4.500 столчиња. За овој натпревар билети по цена од 100 денари ќе се продаваат в петок од 13 до 17 часот и непосредно пред почетокот на натпреварот на билетарницата во поттрибинскиот простор на новата трибина. За овој натпревар ќе бидат пуштени во продажба 2.500 билети, а во функција ќе бидат секторите 5,6,7. Гостинските навивачи ќе бидат стационирани во сектор 9, разделени со тампон зона од останатите сектори. На јужата трибина ќе бидат сместени домашните навивачи Чкембари, во својот вообичаен сектор, и новинарите и дел од службените лица.

Клубот апелира за навремено доаѓање на натпреварот на влезот од градското шеталиште. Во меѓувреме секојдневно работиме на прилагодување на влезовите кон новата трибина.

Ви благодариме за разбирањето“, објавија битолчани.

 

- Оглас -

Најнови вести