Репрезентацијата на Германија второ Светско првенство по ред не успева да ја помине групната фаза и да обезбеди пласман во осминафиналето откако вечерва и покрај победата над Костарика, го освоија третото место на табелата во групата Е.
Германија во три кола освои четири бода, исто колку што има и второпласираната Шпанија, која пак има подобра гол-разлика. Германија настапите во Катар ги заврши со гол-разлика 6:5, додека Шпанија има 9:3.
Во пресрет на последното коло, Германија имаше само еден бод, додека Шпанија четири и за пласман на Панцирите во осминфиналето им беше потребно Фуријата да не загуби од Јапонија. На крајот се случи токму тоа, Јапонците со 2:1 ја совладаа Шпанија, а елиминацијата на четирикратниот светски шампион предизвика големи реакции во Германија.
„Каков срам! Ние сме елиминирани“, е насловот на „Билд“, кој нагласува дека германската репрезентација двапати по ред е елиминирана во групната фаза на Мундијалот. „Загубивме срамно од Јапонија, ремизиравме против Шпанија, а потоа убедливо ја победивме Костарика“, пишува „Билд“.
„Готово, готово, Германија е надвор од Мундијалот“, пишува „Спорт1“ и наведува дека поразот од Шпанија всушност доведе до елиминација на Германија.
„Германските играчи изгледаат преплашено. Горецка, Раум и другите изгледаат шокирани и зјапаат во вселената додека седат на клупата за резервни играчи“, пишува Кикер.
„Тотален срам – германската репрезентација си оди дома. По вторпат од 2014 година Германците направија целосни будали од себе и беа елиминирани во групната фаза на Светското првенство“, пишува порталот „Спортсшау“, кој за неуспехот го обвини селекторот Ханси Флик.
„Горчлив мундијал за Германија“, пишува „Дојче веле“.