Бразил сè уште е топ-фаворит за светската круна според коефициентите што постојано ги освежува Sport Life и Кариоките имаат квота 3.30 за да ја освојат титулата на Мундијалот во Катар.
Тоа е речиси двојно од двата големи ривали, актуелниот првак Франција и вечниот ривал на Бразил, Аргентина, две селекции за кои Sport Life нуди коефициент 6 да бидат нови светски шампиони.
Во топ-5 се и Шпанија со квота 6.5 и Англија со 9 и тоа се единствените пет селекции со квоти со едноцифрена бројка за да го освојат пехарот во Катар.
Португалија со 11 и Холандија со 17 се фаворити од сенка, а интересна и висока е квотата на еден од хитовите во Катар, за селекцијата на Јапонија.
Самуарите со два подвига и пресврти од 0:1 до 2:1 против Германија и Шпанија се пласираа во нокаут-фазата и за нив се нуди коефициент 70 за да бидат светски прваци.
Хрватска, која ќе им биде ривал во осминафиналето, е со квота 30 за да го освои пехарот.
Србија има коефициент од 123, иако не е пласирана и допрва треба да се избори за нокаут-фазата вечер, од 20 часот, со победа против Швајцарија.
Рекорд во понудата е квотата 850 на Камерун, селекција која мора да го победи Бразил вечерва, исто така од 20 часот, за да остане во игра за пехарот во Катар.