Тренерот на Луверпул, Јирген Клоп, нема да биде идниот селектор на фудбалската репрезентација на Германија, тврди агентот на Германецот.
По неуспехот на Германија на Светското првенство во Катар и шокантната елиминација уште во групната фаза, позицијата на Ханси Флик како селектор е неизвесна.
Германските медиуми се убедени дека Флик наскоро самиот ќе поднесе оставка и веќе почнаа да шпекулираат со имињата на идните селектори, и највисоко на листата на листата на желби се наоѓа тоа на Јирген Клоп.
Но, агентот на тренерот на Ливерпул, Марк Коске, ги отфрли шпекулациите и порача дека неговиот клиен сигурно нема да го наследи Флик на клупата на Германија.
„Тоа се медиумски шпекулации. Јирген има договор со Ливерпул до 2026 година и планира да го одработи до крај“, изјави Коске.