Победата на Швајцарија против Србија од 3:2 е причината поради која стотици луѓе вечерва излегоа низ улиците на Куманово да прославуваат!? Еден од трите голови за Швајцарија го даде Џердан Шаќири, а капитен на оваа селекција е Гранит Џака.
Овие двајца швајцарски репрезентативци се со албански корени, па токму затоа веројатно е голема радоста на дел од луѓето кои живеат во Македонија за победата над Србија.
Во Куманово беа развеани повеќе албански знамиња и радосно се скандираше за поразот на Србија од Швајцарија. Србија по поразот од Швајцарија го заврши настапот на Мундијалот во Катар, а Швајцарија се пласираше во осминафиналето, каде за противник ја има Португалија.