Уругваец „пукна“ пред камерите и поради тоа се соочува со доживотна суспензија: Само ти снимај ку**ин сине (Видео)

Репрезентацијата на Уругвај иако победи во последното коло од групата Х, на крајот поради послаба гол разлика испадна од Светското првенство во Катар и тоа скапо може да го чини Хозе Марија Хименез, кој буквално пукна пред камерите и упати сериозни обвинувања против ФИФА.

Уругвајците беа гневни бидејќи сметаа дека судијата ги оштетил во неколку наврати, и дека во финишот од натпреварот не досудил пенал по прекршокот над Единсон Кавани.

„Сите вие, (судиите) сте една група крадци, ку**ини синови. Снимајте ме, ку**ин сине, снимај“, викаше Хименез во камерата.

Тој потоа направи уште еден „голем грев“, со лакот во главата го удри официјалниот претставник на ФИФА задолжен за организација на натпреварувањето.
Поради ваквите постапи, Хименез е под истрага на ФИФА, а најтешката казна е доживотно исфрлање од фудбалот.

Бурно реагираше и Единсон Кавани, кој го собори мониторот на кој судијата ги гледа спорните моменти кои ги забележале судиите во ВАР собара, па и тој може да добие казна.

Уругвај ја победи Гана со 2:0, но поради триумфот од 2:1 на Јужна Кореја над Португалија, испадна од Мундијалот. И Кореанците и Уругвај настапите во групата Х ги завршија со четири освоени бода, но азиската селекција имаше гол разлика 4:4, додека јужноамериканците само 2:2.

- Оглас -

Најнови вести