Рекордерот со седум освоени Златни топки за најдобар играч во годината, Лионел Меси денеска има голем јубилеј пред себе. Капитенот на аргентинската репрезентација ќе го игра 1.000 натпревар во кариерата. Во националниот дрес на меч против Австралија, Меси ќе се обиде да ги одведе Гаучосите до четвртфиналето на Мундијалот.
Меси има осум гола на СП, но никогаш досега нема дадено гол во нокаут фаза од планетарниот собир, што значи дека вечерва има дополнителен мотив да покаже дека е вистински лидер кога е најпотребно. Лео кој има 35 години најави дека ова му е последно Светско првенство и сигурно не сака јубилејниот 1.000 дуел во кариерата да го памти по елиминација.
Меси во кариерата одигра 169 средби за Аргентина, во дресот на Барселона настапи дури 778 пати, а како играч на ПСЖ има 53 натпревари. Во овие 999 натпревари кои досега ги одиграл, Меси има постигнато 788 голови.
Првиот меч во професионалната кариера Меси го одигра на 16 октомври 2004 година кога на дуелот против Еспањол влезе во игра во 82 минута на местото на Деко. Од тој момент, до сега, односно за 18 години и еден и пол месец, Меси стигна до комплетира 1.000 мечеви.