Голем удар за Бразил: За двајца фудбалери предвреме заврши СП

Репрезентацијата на Бразил го освои првото место во својата група од Светското првенство, иако во последното коло синоќа загуби од Камерун со 1:0. Бразилците доминираа во поголем дел од мечот, но не постигнаа погодок, а во последните моменти од средбата Камерун по еден брз напад успеа да погоди и да го изненади фаворитот.

Поразот од Камерун не преставува поголем проблем за Бразил, но затоа проблем се повредите на двајца играчи. Напаѓачот Габриел Жесус доби незгоден удар и мораше да го напушти теренот во 64 минута. Лекарите проценија дека повредата на Жесус е посериозна и ќе мора да паузира барем еден месец, односно до крајот на 2022 година.

Освен Жесус, повреден е и Алекс Тељас кој беше заменет во 54 минута и тој сигурно нема да биде во составот за осминафиналниот дуел против Јужна Кореја. Поради повреда, во бразилскиот состав на последните два меча го немаше ниту капитенот Нејмар, кој е неизвесен да следната средба на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести