Меси илјадитиот меч во кариерата го прослави со прв свој гол во нокаут фаза на СП (Видео)

Аргентина води со 1-0 против Австралија по првото полувреме во осминафиналето на Светското првенство во фудбал, а стрелец на голот беше славеникот Лионел Меси, кој го игра својот 1.000-ти меч во кариерата.

Меси конечно го разби малерот и првпат даде гол во нокаут меч на Мундијалите. Тој со 35 години е најстар стрелец за Гаучосите на светските првенства. Аргентина шутна само еднаш во рамките на голот, но топката влезе во мрежа и ги доближи до осминафинална битка со Холандија.

https://twitter.com/i/status/1599125702871089152

- Оглас -

Најнови вести