Репрезентацијата на Шпанија од 2010 година е единствената во историјата на Мундијалите која станала светски првак после пораз во првото коло, а по нивните стапки оди и Аргентина од СП во Катар.
Аргентинците веќе се четвртфиналисти, но титулата уште е далеку, ќе треба да прескокнат уште три пречки, многу повисоки од овие што ги имаа досега. Првата е Холандија, која нема пораз и покажа дека е многу опасен тим кој може секому да му ги замрси сметките.