Аргентина можеби ќе биде благ фаворит на хартија против Холандија според квотите во обложувалниците, но тоа ќе биде и најсериозниот испит досега за можностите на Лионел Меси и друштвото, и Аргентина ќе мора да одигра најдобро што умее ако сака полуфинале.
Холанѓаните покажаа дека се добар тим кој ги победуваше сите континентални шампиони кои им се испречија на патот. Лалињата во Катар ги совладаа актуелните прваци на Африка (Сенегал), Азија (Катар) и Северна и Средна Америка (САД). А, Аргентина е шампион на Јужна Америка.
Четвртфиналната забава е гарантирана.