Каспер Руд: Зошто луѓето не сакаат да признаат дека најубаво финале би било Аргентина – Португалија?

Најдобриот норвешки тенисер, Каспер Руд, изјави дека би сакал во финалето на Мундијалот во Катар да играат Аргентина и Португалија.

Аргентинците веќе се во четвртфинале, а Португалија утре против Швајцарија ќе брка место меѓу осумте најдобри.

„Сакам во финалето да играат Португалија и Аргентина. Зошто луѓето не сакаат искрено да признаат дека би посакале еден таков крај“ – порача Руд, кој е разочаран што многумина љубители на фудбалот низ светот не сакаат финале помеѓу селекциите предводени од двете ѕвезди кои ја одбележаа поновата ера и поставија рекорди кои нема лесно да бидат урнати во блиска иднина.

- Оглас -

Најнови вести