Не доби покана да настапи на СП во Катар, поразот на својата репрезентација го прослави во дресот на ривалот (Видео)

Младиот американски напаѓач Рикардо Пепи направи невообичаен потег откако неговата репрезентација испадна од Светското првенство во Катар.

Во првиот осминафинален натпревар на Мундијалот, Холандија со 3:1 ја совлада селекцијата на САД, а по завршување на натпреварот, Пепи го облече дресот на Лалињата.

Наводно, Пепи загубил облог и поради тоа морал да го облече холандскиот дрес.

Пепи сезонава настапува за холандскиот тим Гронинген како позајмен играч од Аугсбург и на девет натпревари даде шест гола, но не доби повик од селекторот на САД и покрај добрата форма.

- Оглас -

Најнови вести