Далиќ: Тоа што го прави Хрватска на Светските првенства е светско чудо

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, смета дека резултатите што Коцкестите ги остваруваат на големите натпреварувања се еднакви на светско чудо.

Далиќ пред утрешниот осминафинален дуел против Јапонија порача дека Хрватска и најмала држава по бројот на население меѓу сите останати учесници на СП во Катар.

„Ќе се обидеме да победиме и да продолжиме понатаму, имаме шанси, но тоа е тешка работа. Ние веруваме, имаме сон, а јас отсекогаш сум бил оптимист. Мундијалот е многу квалитетно, а Хрватска веќе 20 години прикажува одлични игри. Ако погледнете, меѓу сите осминафиналисти, Хрватска има убедливо најмало население. Ние сме мала земја, но имаме големи соништа. Пред нас е првото скалило кое мора да го искачиме и ќе одиме скалило по скалило. Хрватска е е успешна, нашите резултати се во ранг на светско чудо“, изјави Далиќ.

Противник на Хрватска во осминафиналето ќе им биде репрезентацијата што ги победи Шпанија и Германија, и поради тоа Далиќ има голем респект за Јапонците.

„Најважно е да го почитуваме нашиот противник, тие победија два светски шампиони, Шпанија и Германија. Губеа во првото полувреме и покажаа карактер, менталитет и квалитет. Им порачувам на моите играчи дека не смееме никого да потценуваме“, смета Далиќ.а

Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе игра со подобриот од натпреварот Бразил – Јужна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести