Решено е! Икарди ќе остане во Интер

Сагата околу тоа дали Мауро Икарди ќе остане во Интер или ќе си замине од „Џузепе Меаца“, најверојатно е завршена. Капитенот на „нераѕурите“ се договорил да го продолжи договорот со гигантот од Милано. Ова го потврди  неговата жена Ванда Нара, која е и негов агент. Таа имала разговори со челниците на клубот и договорот бил постигнат.

„Бидете спокојни, ќе има продолжување на договорот. Меѓу нас и клубот нема никакви проблеми. Интер сака да го задржи Икарди, а и тој самиот сака да остане“, беше коментарот на Ванда Нара, околу шпекулациите дека аргентинскиот голгетер може да си замине во јануарскиот преоден рок.

Икарди дојде во Интер во 2013 година  и сега ја игра шестата сезона за тимот од „Џузепе Меаца“. Досега, во 205 меча даде 121 погодок.

 

 

- Оглас -

Најнови вести