Мбапе во МВП ритам – три од четири

Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Франција, Килијан Мбапе, е еден од најдобрите играчи досега на Светското првенство и исто така е еден од главните фаворити за признанието за најдобар играч на Мундијалот.

Мбапе досега настапи на четири натпревари и постигна пет гола во Катар и веќе собори еден рекорд. На претходното СП во Русија, на кое Франција ја освои титулата, постигна четири гола и досега има вкупно девет гола на Мундијалите и се израмни со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Тој со 23 години стана најмлад фудбалер во историјата кој дошол до оваа бројка на голови, додека Меси и Роналдо до оваа бројка дојдоа во доцните 30-ти години.

Но, тоа не е крај бидејќи Мбапе помести уште некои граници на СП во Катар. Во победата над Полска од 3:1 во осминафиналето постигна два гола и сосема заслужено беше прогласен за фудбалер на натпреварот и по третпат е играч на мечот во четирите настапи на Франција на СП во Катар.

- Оглас -

Најнови вести