Поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, се соочува со долгогодишна затворска казна поради финансиските малверзации во Старата дама.
Обвинителството во Торино поднесе кривични пријави против Ањели како главен обвинет и против управниот одбор на Јувентус, кој минатиот понеделник си поднесе колективна оставка.
Обвинителството смета дека има цврст случај против Ањели, кој 12 години беше на чело на Јувентус.
Италијанските медиуми пишуваат дека доколку биде прогласен за виновен, може да добие 12 години затворска казна.
Но, тоа не е единствен проблем за Јувентус бидејќи и Фудбалската федерација на Италија и Европската фудбалска федерација (УЕФА) отворија истрага поради финансиските малверзации. Како можни казни за Старата дама се споменуваат забрана за трансфер на играчи, одземање бодови или дури и исфрлање во Серија Б.