Португалецот конечно стави крај на шпекулациите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата и веста на годината влијателниот шпански спортски весник „Марка“ ја објави на денешната насловна страница: „Кристијано Роналдо од 1 јануари ќе игра за Ал-Наср“.
Роналдо со тимот од Саудиска Арабија ќе потпише две и полгодишен договор, токму како што „Марка“ објави пред неколку дена.
Неколку дена пред стартот на Светското првенство во Катар, Кристијано Роналдо го раскина договорот со Манчестер јунајтед, со што можеше слободно да го избере новиот клуб.
💣🚨 ¡¡Cristiano, caso cerrado!!
https://t.co/il5bLECe5E Informa @jfelixdiaz
— MARCA (@marca) December 5, 2022
Португалецот се надеваше дека ќе успее да најде клуб во Европа со кој ќе игра во Лигата на шампионите, но бидејќи неколку екипи, меѓу кои беа Баерн Минхен, Интер, ПСЖ и Челзи, одбија да потпишат договор со него, Роналдо одлучи да ја прифати понудата на Ал-Наср и да стане најплатен спортист на светот.
Иако сè уште не е официјално потврден трансферот, медиумите шпекулираат дека Роналдо во Саудиска Арабија ќе заработува малку помалку од 200 милиони евра по сезона, а бидејќи речиси толкава сума добива од спонзорите, Португалецот ќе биде најплатен спортист на светот.