Репрезентативец на Косово ќе потпише за Челзи?

Англискиот премиерлигаш Челзи може во својот состав да го донесе Арбер Зенели. Според шпекулациите, репрезентативецот на Косово е во плановите на гигантот од „Стемфорд Бриџ“, а трансферот може да се случи уште до крајот на јануарскиот преоден рок. Сепак, можно е Челзи да чека и до крајот на сезоната, кога на 23-годишен крилен играч ќе му истече договорот со Херенвен и ќе може да си замине како слободен играч. Сезонава во дресот на Херенвен одигра 16 меча и даде три гола, а имаше и 10 асистенции.

Зенели ја започна кариерата во Елфсборг, а во јануари 2016 година дојде во Херенвен. Тој има настапи за младинската репрезентација на Шведска, каде што е роден. Сепак, подоцна Зенели се одлучи да заигра за Косово, од која што и потекнува.

Токму во дресот на Косово, Зенели го одигра можеби најдобриот меч во кариерата. На дуелот против Азербејџан, кој Косово мораше да го добие за да заврши на првото место во групата од Лигата на нации, Зенели постигна хет-трик во победата од 4:1.

Во Лигата на нации, Косово во полуфиналето ќе игра токму против нашата Македонија, во обид за пласман на Европското првенство 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести