Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси да биде прогласен за персона нон грата во Мексико, предложи тамошната пратеничка Марија Клемент Гарсија Морено.
Таа смета дека шутирањето на мексиканскиот дрес во соблекувалната, е непочитување на државата, потег против националниот идентитет на Мексико, и доволна причина на Меси да му се забрани влез во Мексико.