Реал Мадрид ќе им помогне на Украинците, ќе донира генератори за полесно да ја издржат суровата зима

Актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид, ќе му помогне на украинскиот народ полесно да ги предбоди зимата и ќе донира генератови. Руските воени сили на 24 февруари годинава извршија инвазија врз Украина, а во последните неколку недели интензивно го гранатираат енергетскиот систем во земјата поради што Украинците имаат големи проблеми со снабдување елекрична енергија.

„Недостигот од електрична енергија во Украина предизвикан од руското бомбардирање на енергетските објекти во земјата влијае на животите на милиони Украинци. Недостатокот на главниот систем за греење ќе доведе до пад на температурата во цела Украина“, соопшти управата на Кралскиот клуб.

Повеќекратниот украински шампион Шахтјор Доњецк се обрати до европските клубови за помош за набавка на генератори кои ќе им овозможат на Украинците полесно да ја издржат суровата украинска зима. Реал Мадрид потврдно одговори на барањето и преку својата фондација ќе донира 20 генератори кои ќе се користат во различни области низ Украина.

- Оглас -

Најнови вести