Откако и Роналдо го демантираше трансферот во Ал-Наср, уште еден европски гигант го откачи Португалецот

Германскиот шампион Баерн Минхен, пред неколку изјави повторно објави дека не е заинтересиран да потпише договор со Кристијано Роналдо кој е слободен играч, сега се огласи уште еден европски гигант.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, демантира дека францускиот тим планира да го ангажира Роналдо.

„Со оглед на тоа дека во нашиот тим ги имаме Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, не гледам причина зошто да потпишеме со Роналдо. Без разлика на сè, му посакувам се најдобро на Кристијано, тој е неверојатен фудбалер“, изјави Ал-Келаифи.

Пред два дена се појави информација дека Роналдо се договорил со тимот од Саудиска Арабија, Ан-Наср да потпише две и пол годишен договор, но вчера, самиот фудбалер ја демантираше оваа вест.

- Оглас -

Најнови вести