Ливерпул е на добар пат да ја добие битката со Реал за суперталентираниот англиски репрезентативец

Англискиот репрезентативец Џад Белингам, најверојарно кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул, а не во Реал Мадрид, тврди новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк.

Според Фалк, 19-годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд, кој моментно со Англија игра на СП во Катар, идното лето би требало да се пресели во Ливерпул кој успеал да го победи Реал Мадрид, кој исто така е загреан за Белингам.

„Белингам во Ливерпул ја гледа шансата да биде еден од лидерите на екипата, додека Реал веќе има лидери во тимот. Трансферот на Белингам во Ливерпул е многу, многу блиску. Единствен проблем би можеле да претставуваат парите бидејќи Борусија за својот играч бара 150 милиони евра, додека Црвените се подготвени да дадат околу 100 милиони. На управата на Реал веќе и е кажано дека Ливерпул се наоѓа во напредна фаза во преговорите и дека наскоро се очекува да биде постигнат договор“, изјави Фалк.

- Оглас -

Најнови вести